ALFA

TV ALFA VO ZIVO - Телевизија Алфа


Алфа ТВ е приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на трети јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал. Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии а 1 и MaxTV, како и на официјалниот веб портал на Телевизија Алфа.


Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.


Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Заснована е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.


Телевизијата од своето основање во 90-тите години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, Грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нови сопственици постанаа Французи, но и тие немаа успех со работата на телевизијата, па во 2008 сопственик стана познатиот македонски стопанственик Штерјо Наков. Зделката била вредна половина милион евра. Во 2012 ТВ Алфа е повторно продадена.



Скопје 1000, Качанички пат 144
тел. +389 2 260 0370
факс +389 2 2651933
e-mail: alfatv@alfa.mk
web-site: alfa.mk

| Алфа тв во живо, Алфа вести во живо, ТВ Алфа мк, Алфа тв програма, ТВ Алфа во живо мобил, Алфа тв во живо а1, мк ТВ Алфа во живо, мк тв станици, Македонија Алфа Телевизија |

| Tv Alfa vo zivo, Alfa Tv vo zivo mobile, Alfa Tv vo zivo pc, Alfa Tv vo zivo mk, tv Alfa serii, turski serii na Alfa, tv Alfa vo zivo, Alfa Tv live stream, max tv kanali, max tv Alfa, max tv Alfa vo zivo, Alfa programa vo zivo, Alfa Tv vesti, alfa mk, Alfa Tv zulu, zulu Alfa Tv vo zivo, zulu on net Alfa vo zivo, Alfa Tv online mk, Alfa Tv online streaming, Alfa Tv online mk, Alfa Tv online a1, tv Alfa online watch, tv Alfa online stream, tv Alfa live.mk, Alfa Tv mk live stream |