TV SITEL

Гледај Сител во живо - Сител Телевизија

Сител e приватен телевизиски канал кој започна да емитува програма на македонски јазик на 22 јануари 1993 година, како една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Сител е медиум со претежно забавен општ формат. Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски. Исто така емитува Информативната програма, која емитува централни вести во 19:00 и 23:00 часот. Неодамнешните анкети по затворањето на А1 телевизија која дотогаш беше најгледана, македонските гледачи сугерираат дека Сител е најгледаната телевизија во Македонија.


На 1 јули 2008 година, Сител телевизија ја пушта и својата сателитска програма, Сител 3 телевизија. Моментално сигналот се емитува на Еутелсат 16A и Интелсат 901 до гледачите од Европа, САД, Канада и Австралија.


На 20 јуни 2013 година, Сител телевизија го пушта својот втор канал, Сител 2, кој е регионален канал и ќе се емитува во регионот на Кратово, Куманово и Крива Паланка.


"Сител" e телевизиски канал кој емитува на национално ниво. Сител е гледан и влијателен медиум во Македонија, со богата програма, со голем број информативни содржини, со многу филмови, атрактивни спортски преноси итн. Модерниот дизајн на Сителовата програма постојано се иновира и се унапредува. Ќе бидеме неискрени ако не споменеме дека за Сител работат веројатно најубавите ТВ-презентерки во земјата - што, веројатно, може да се припише и како заслуга на директорскиот вкус на Горан Иванов. Меѓу нив од неодамна има и поранешни „мисици“, иако на тој план неприкосновена е прекрасната Ана Здравковска. Во блиска иднина, Сител планира да набави репортажно возило со коешто ќе започне со реализација на програми и преноси во живо.


Скопје 1000, Градски стадион
тел. +389 2 3116 566
факс +389 2 3229 799
e-mail: informativna@sitel.com.mk, kontaktna@sitel.com.mk, marketing@sitel.com.mk
web-site: www.sitel.com.mk